НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно запалена трска во Охридското Езеро

0
By Нова ТВ on March 27, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: Охридпрес
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повторно гори трска во Охридското Езеро, овој пат во близина на болницата „Свети Еразмо“, објави портоалот Охрид прес.

На терен е екипа на охридската противпожарна единица.

Граѓанското здружение Охрид СОС вчера објави дека е опожарена трската и во населбата Воска. Оттаму предупредуваат дека од година во година трската на овој потег станува сѐ поретка и поретка, а и рибниот фонд се намалува.

Фото: Охрид СОС

-Напати се забележуваат и лица внатре во трската, најверојатно вршат криволов со пушка харпун. Порано и лебеди знаеа тука гнездо да створат, години уназад тоа нешто го нема. Она што е исто така алармантно е инертноста на минатата, а и на оваа власт тие крајно незаконски и нечовечни дејанија да ги спречат така што сериозни истраги ќе спроведат и сторителите ќе се казнат. Освен ако и самите тие власти не вмешале прсти во овие ужасија, оти не заборавајте колку тоа корумпираноста и натаму е на високо ниво, велат од Охрид СОС.

Тие и на почетокот на овој месец во повеќе наврати алармирираа дека се пали трската во орхидско – струшкиот регион, а притоа властите не преземаат мерки.

Основното јавно обвинителство од Струга вчера против двајца осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик, како и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик, бидејќи одбил да излезе на самото место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.