НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ќе го проверува имотот на Вангеловски, Панчевски и на уште три судијки

0
By Соња Петрушевска on March 27, 2019 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциската комисија ќе го испитува имотот кои пет судии го пријавиле во анкетните листови. Се отвораат предмети за претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски и трите судијки Софија Лаличиќ, Светлана Костова и Александра Зафировска.

„По добиени сознанија од Извештајот за човекови права за 2018 година за Република Северна Македонија за злоупотреба и коруптивни дејства за судии Комисијата за спречување на корупција заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови за слдните лица, Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Светлана Костова, Александра Зафировска и Софија Лаличиќ. По допрен глас ја испитуваме имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски”, рече членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Софка Пејовска, на денешната седница.

Антикорупционерите одлучија да ја проверат имотната состојба на овие судии откако тие беа наведени во Извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права.

Во септември лани, Специјалното јавно обвинителство објави посебен Извештај кој го достави Собранието, а во кој ги наведе имињата на четворица судии кои во „својата работа постапувале несоодветно и спротивно на судските правила“. Тоа беа Вангеловски, Лаличиќ, Зафировска и Костова

По допрен глас ќе се испитува и судир на интереси за Јордан Тасевски и за Марија Димитровска внука и внук на судијата Владимир Панчевски од Кривичен суд, и за Маја Ристовска, сопруга на поранешниот министер Спиро Ристовски вработена во МАПАС.

По службена должност на денешната седница Антикорупциска усвои одлука за отворање предмети за листа на 18 лица кои извршуваат две или повеќе функции во исто време, а ќе се проверува и имотот на пратеници во Собранието, членови на Владата, членови на Владата во претходниот состав, директори и замнеици директори нас ЈП во државна сопственост и директори на АД во државна сопственост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.