Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на книга од Митрикески

0
By Нова ТВ on October 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 28, 2013 11:13

На 29 октомври (вторник) со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „Теорија и практика на документарниот филм”, која ја потпишува филмскиот режисер Антонио Митрикески. Промотори на ова дело ќе бидат професор Иван Џепаровски, драматургот и професор Сашко Насев, професор Ана Стојанова и филмскиот критичар Илинка Петрушевска.

Следните две вечери во Кинотеката ќе бидат прикажувани досегашните документаристички и играни филмски остварувања на Митрикески, како долгометражниот игран филм „Преку езерото“, документарниот „Љубовта на Кочо Топенчаров“ и други.

Инаку, овој пишан труд се насочува кон теоријата на документарниот филм и нејзината практична примена во филмската продукција. За таа цел, Митрикески прави анализа на документарната филмографија на тројца автори: Казимиеж Карабаш (роден 1930, Полска,), Столе Попов (роден 1950, Македонија), и Мајкл Мур (роден 1954, САД).

Изборот на овие автори е направен затоа што и тие самите, оттука и нивните дела, сосема евидентно потекнуваат од различни културни и историски контексти, но и од различни временски (стилско-формативни) периоди.

Преку анализата на нивните дела се дава прецизна детерминација на клучните естетски начела, врз кои се заснова документарниот филм. За потребите на овој труд направени се повеќе истражувања со цел да се собере потребниот материјал и да се направи неговата соодветна анализа, во која се разгледуваат и толкуваат карактеристиките на одредени документарни филмови од наведените автори.

Доживувајќи го и објаснувајќи го филмското, кинестетското и филозофското во своето дело, авторот нуди несомнено учебно помагало. Тој, елаборирајќи го значењето на Карабаш во една епоха, на Попов во друга и на Мур во трета епоха, на одреден начин ни претставува историска парадигма за тоа како се развивала документаристиката во Источна Европа и во Америка.

„Размислував долго и се прашував зошто да го напишам овој теоретски труд? Филмот во практика, односно режирањето е мојата голема љубов и животна едукација. Верувам дека и кај најголем број од филмските режисери постои немир, творечки нагон кој ги води да прават филмови. Си го поставувам прашањето, од каде оваа желба, овој порив да работам на оваа тема?

– Можеби беше некакво бегство, потреба да се најде некој мир во науката, книгата, во понирањето во длабочината на теоријата и практиката на документарниот филм. За време на моите студии во државната филмска школа во Лоѓ, Полска, имав афинитет, работев и реализирав поголем број документарни филмови. Тој афинитет го продолжив и понатаму со моите долгометражни играни филмови. Играниот филм потекнува од документарниот. Да се потсетиме на зборовите на големиот мајстор на неореализмот, режисерот Роберто Роселини „Филмот дава сведоштво за епохата“, вели Митрикески.

Антонио Митрикески е искусен режисер. Тој во македонската кинематографија контрибуира со повеќе документарни и играни филмови. Неодамна заврши со снимањето на неговиот последен долгометражен игран филм „Деца на сонцето“, кој во моментов се монтира и кон почетокот на следната година ќе биде целосно завршен. Едновремено, своето практично и уметничко сознание за филмското творештво, долги години им го пренесува на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.