Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: Нова демократија во водство пред СИРИЗА за 6 проценти

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2019 14:35

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија е во водство од 6,9 проценти пред владејачката СИРИЗА, според новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата за рејтинг Алко за грчката телевизија „Опен“ во однос на евроизборите на 26 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Според анкетата за Нова демократија се изјасниле 23,6 отсто од испитаниците, за СИРИЗА 17,5 проценти, а на трето место и понатаму е Златна зора со 6,2 отсто, а потоа следат Движење на промена – пет проценти и за Комунистичката партија на Грција се изјасниле 4,7 отсто.

На прашањето кој ќе биде победник на евроизборите, 58 проценти од испитаниците оцениле дека тоа ќе биде Нова демократија. Од нив, 34 отсто процениле дека победата ќе биде со мала разлика, а 24 проценти со голема разлика. Победа на СИРИЗА предвидуваат 13 отсто од анкетираните, од кои само еден процент изјавиле дека победата ќе биде со голема разлика. Додека 29 проценти истакнале не знаат или одбиле да одговорат.

Позициите на партиите за економијата е главниот критериум за половина од испитаниците (50 отсто) во однос на нивниот глас на евроизборите. Додека 18 отсто навеле дека критериумот е уривање на Владата, 11 проценти се изјасниле за позициите на партиите во однос на ЕУ, додека за шест отсто поддршка на Владата, а 15 проценти не одговориле.

На прашањето кој може да постигне повеќе со европските партнери на Грција, 30 отсто од испитаниците го одбрале Кирјакос Мицоткис, 22 проценти актуелниот премиер Алексис Ципрас, а 41 отсто не одбрале ниту еден од двајцата.

Шест од 10 Грци (62 проценти) сметаат дека резултатите од евроизборите ќе го одредат и резултатот на националните избори, а 71 отсто одговориле негативно на прашањето дали сметаат дека Грција оди кон закрепнување.

Истражувањето на агенцијата „Алко“ за „Опен“ била спроведена од 19 до 26 март преку телефон во кои учествувале 1.000 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.