Американската невладина организација Фридом хаус се огласи по повод писмото што сопственикот на телевизијата Н1, Адриа њуз од Луксембург, го упати на адреса на меѓународните и невладините организации, барајќи заштита за телевизијата Н1 и нејзините новинари од „кампањата што против нив ја водат високи државни и владини функционери во Србија“.
Директорката на Фридом хаус за Европа и Евроазија, Желике Чаки ја обвини Владата на Србија дека „создава опасна атмосфера за новинарите“.
-Должност на владата е да ја заштити слободата на медиумите, а не да предизвикува бес и омраза против новинарите кои ја работат својата работа, изјави таа за Гласот на Америка.
Агенцијата Бета и нејзиниот главен и одговорен уредник Драган Јањиќ објавија дека добиле закани дека агенцијата ќе биде запалена.
-Доколку всабота има нереди ми се чини дека Бета ќе биде запалена. Ништо страшно како во РТС, демократски изразено незадоволство,с енаведува во СМС пораката ипратена вчера попладне до главниот уредник.
Оваа и сите претходни закани се доставени до полицијата.




