Романската судијка Лаура Ковеши, фаворит за функцијата европски обвинител, е обвинета за корупција, соопшти извор од судот.
Ковеси, која се смета за симбол на борбата против корупцијата, но се соочува со непријателство од страна на романската Влада, ја прими веста за време на шестчасовно сослушување пред специјална комисија, составена од истражни судии.
По сослушувањето, Ковеши изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот.
– Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите, рече Ковеши.
Таа е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење, обвиненија што ги негира.
Обвинувањата може да ги влошат односите меѓу европските лидери и Романија, која е меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.




