Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје на 1 април, в понеделник, од 11 до 16 часот на плоштадот „Македонија“, организира детска журка, Априлијада – „Скопје се смее“, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани.
Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен. Ќе се користи хаштаг за инстаграм албум #aprilijada. Многу насмевки за децата и музички дел со мото – Од дете за дете.
Ќе учествуваат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди и врвни признанија во својата категорија, а тоа се децата со Даунов синдром од Трисомија21.
Оваа година плоштадот ќе биде поделен во неколку зони каде ќе има најразлични активности за посетителите.
Организаторите најавуваат и други изненадувања.
Манифестацијата АПРИЛИЈАДА – „Скопје се смее“ е поддржана од Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.
ДКЦ „КАРПОШ„ КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ОБЈАВУВА КОНКУРСИ ДО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА НАЈДОБРА МАСКА И КАРИКАТУРА ЗА КОИ СЛЕДУВААТ ДИПЛОМИ КОИ ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ НА САМАТА МАНИФЕСТАЦИЈА!
Бонус забава од 16 до 19 исто така на Плоштад Македонија со младите таленти Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и еминентните музички уметници Александар Митевски, Бени Шаќири и музичкото училиште Music House. Забавата продолжува со DJ Ampov за сите „големи деца“ од 17 часот на Плоштад Македонија. Водител на забавата е Мартин Трпчевски.