Великаните на американската кантри музика, Кени Роџерс и Боби Бер, како и продуцентот Џек Клемент, се примени во Кантри куќата на славните во Нешвил. Роџерс е еден од најголемите музичари на денешницата со повеќе од 130 милиони продадени плочи ширум светот.
Во текот на свечената вечера, тројцата кантри великани ги поздравија колегите Крис Кристоферсон, Бери Гиб, Гарт Брукс и Емил Херис.
Кантри куќата на славните е основана 1961 година и има вкупно 121 членови.
Член на Куќата е и Доли Партон, која во 1983 со Кени Роџерс го објавија светскиот кантри хит „Islands in the Stream“.
Роџерс има снимано 65 албуми, и продадени повеќе од 130 милиони плочи. Добитник е на голем број музички награди, а 2003 година за 60-годишната кариера доби и награда за животно дело.
Боби Бер има снимано повеќе од десетина албуми. Клемент почина годинава, неколку месеци откако дозна дека ќе биде запишан во Кантри куќата на славните. Како продуцент беше доста влијателен во создавањето на американската кантри сцена.