НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има ли пари за пензии?

0
By Нова ТВ on October 28, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гази ли Фондот за пензиско осигурување на тенок мраз? До година пензионерите ќе чекаат повисоки пензии за 5%. Експертската јавност предупредува дека јазот меѓу осигурениците и пензионерите е неодржлив. Државната ревизија посочува дека со буџетски инјекции се делат пензии, се вели во статијата објавена на порталот portalb.mk

Бројот на пензионери расте, растат и пензиите, но до кога и како навреме ќе се исплаќаат? Прокециите за зголемување на вработеноста и на платите – не ги дадоа очекуваните резултати за полнење на фонодвската каса. Најновиот извештај на Државниот ревизор го вклучи алармот – до кога Фонодт за пензиско осигурување ќе може да го издржи овој притисок. Според последните податоци, кои се однесуваат на август годинава, во земјава има вкупно 288 512 пензионери или во однос на крајот од 2012 та година бројката е зголемена за 6 180 лица – нови пензионери.

Просечната пензија изнесува 11 734 денари, најниските се движат до 5 900 денари а највисоката пензија изнесува 36 346 денари.

По ланското зголемување на пензиите, и до година пензионерите очекуваат ново – за пет проценти. Додека Владата ги прави овие пресметки, анализите упатуваат на тоа дека Фондот за пензиско осигурување гази по тенок мраз.

Лани фондот, планираше да ги зголеми вкупните приходи од придонеси за 8,5% и тоа 5,5% како резултат на пораст на платите и 3,0% како резултат на пораст на вработеноста. Но плановите ги стопи состојбата во реалноста.

“Меѓутоа, планираните параметри не се остварија, а порастот на платите во 2012 година во однос на 2011 година изнесуваше само 0,2%.“ – пишува во годишниот извештајот на ПИОМ.

Оваа состојба се одрази врз финасиската кондиција на Фондот. Ланските параметри покажуваат дека вкупните приходи во однос на планираните средства се зголемиле само за 0,3%, додека пак расходите во однос на проектираните пораснале за 4,3% ( зголем број на пензионери и раст на пензиите). Спасот се бара на два пункта – првиот преку буџетска инјекција и вториот, преку присилна наплата на придонесите од фирмите. Буџетските трансфери и натаму, во најголем дел ги крепеле дупките во фондот.

Еве како се финансира Фонодот:

59,9% – сопствени приходи, 450,3 милиони евра
37,7 % – буџетски пари, 284,1 милиони евра
1,8% – други извори, 13,8 милиони евра

Дека финасиската кондиција е алармантна, потврди и Државната ревизија која во својот Извештај за работата на Фондот за пензиско осигурување ќе констатира:

„На финансиското работење на Фондот во 2012 година влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“.

Дупката во Фондот расте, буџетската зависност е се поголема

“Зголемувањето на бројот на корисниците на пензија како и усогласувањето на пензиите во 2012 година влијаеше на недостаток на средства за исплата на пензии поради што секоја година се зголемува зависноста на Фондот од позајмување на буџетски средства од основниот Буџет на РМ. За покривање на буетскиот дефицит исплатените средства од Буџетот на РМ имаат учество од 22 %“ , оценуваат ревизорите.

За да ја намине агоничната состојба Фондот посегна и по присилна наплата на долговите. Така, преку Акционен план за наплата на заостанатите обврски, лани имаше операција за блокади на фирмите што не ги плаќале придонесите. За да се амортизира состојбата, се нудеше и отплата на долговите на рати. Преку присилна наплата, според податоците од ПИО, инкасирани биле скоро 4 милиони евра.

Каде да се бара решението?

Јазот меѓу оние што земаат пензија и оние што ја полната фондовската каса се стеснува – алармира експертската јавност. Според пресметките на ПИО, на 1,7 осигуреници има 1 пензионер, сооднос што објективно треба да го вклучи алармот за долгорочна одржливост на фондот за редовна исплата на пензиите.

„Ние имаме сериозен проблем со Фондот за пензиско осигурување. Таков проблем има секаде во Европа, но кај нас таа состојба е ендогена бидејќи интензитетот на влошување е многу јак. Пред нецели дваесет години, односно од 1996 та година, ние имавме однос на тројца вработени еден пензионер. Денеска тој сооднос е 1,6 вработени спрема 1 пензионер, што значи дека за нецели 16 гоидни тој сооднос е двојно влошен. “ – оценува универзитетскиот професор и академик Абдулменаф Беџети.

Според проценките на експертите, за да се пополни сегашната дупка во касата на ПИОМ преку обезбедување на приходи по основ на пензиско осигурување, потребни се 200 илјади нови вработувања. Сегашните позиции укажуваат на неодржливост на Фондот, смета Беџети и посочува дека најмалку што треба е да се интрвенира во зголемување на пензиите од аспект на расходната страна, односно трошоците на ПИО. Лани, показателите за раст на приходите од пидонеси не навестуваат оптимизам. Вкупните приливи од придонеси во 2012 та година во однос на 2011 та се зголемиле за 2,7%, пришто приходите од придонеси од плата пораснале за 2,8%.

На крајот од ланската 2012 та година Фондовската каса ја полнеле 507 061 осигуреник.
Причината за се подлабокиот јаз меѓу сегашните и идните пензионери според поранешниот министер за финансии Трајко Славески треба да се бара и во реформата со која беа воведени и приватните пензиски фондови – задолжителни за новите осигуреници.

„Гапот во фондот и потребата од трансфери од страна на државниот буџет е поврзан со реформата на воведување на двата приватни пензиски столба, особено на вториот пензиски задолжителен фонд. Цената на таа реформа од аспек на дефицитот, недостигот на пари во фондот, од каде најголем број на пензионери чекаат пензија“ – вели професорот Славевски.

Додека фондот и до година ќе води битка за ликвидност, Владата останува на ставот дека пензионерите навреме ќе ги добиваат пензиите – надградени со нови 5 проценти. Колку ваквите политики ќе бидат одржливи и кој ќе ги полни дупките во касата – според експертите ќе покаже времето, сега веќе на среднорочен план.

Анета Додевска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.