Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесен предлог закон за измена на американскиот изборен модел-гласачите директно да одлучуваат

0
By Нова ТВ on March 30, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2019 19:31

Американскиот сенатор од демократите Џеф Меркли, синоќа поднесе во Конгресот предлог-закон за укинување на „длабоко неправедниот“ систем на индиректни избори преку така наречениот Изборен колеџ, и воведување на директни избори за претседател на САД, јави МИА од Вашингтон.

Во соопштението до јавноста сенаторот истакнува дека „дојде време да се стави крај на недемократскиот Изборен колеџ и да тргнеме кон директно изборно гласање на граѓаните на САД, независно дали тие живеат во Портленд (сојузна држава Орегон) или Порторико“.

Американските гласачи на претседателските избори не одлучуваат директно, туку тие само го заокружуваат името на кандидатот што го поддржуваат. Конечниот резултат го утврдува 538-члениот Изборен колеџ, кој формално го избира претседателот.

Изборниот колеџ во САД е воспоставен во 1787 година од авторите на Уставот, како компромис меѓу оние што сакаа јавно гласање и оние што сакаа Конгресот да го избере претседателот.

Една од целите е да се заштитат правата на помалите држави, спречувајќи тие да бидат под доминација од оние со поголема популација. Тоа е причината зошто денес за секоја од 50-те американски држави бројот на така наречени електори и еднаков на бројот на членовите на Конгресот од таа држава.

Калифорнија, најнаселената држава, има 55 електори. Двајца американски сенатори како и сите преостанати држави, плус 53 членови на Претставничкиот дом од Калифорнија врз основа на нејзиното население. Државите со најмала популација имаат три електори: два за американските сенатори на државата и еден за нејзиниот единствен член на Претставничкиот дом.

Вашингтон ДЦ не е сојузна држава, туку специјален федерален дистрикт. Со тоа и нема ниту еден сенатор ниту застапеност за гласање во Конгресот на САД. Но, со 23 амандман на Уставот на САД, на дистриктот Колумбија и беа доделени три избирачи во Изборниот колеџ.

Предлог-законот на Меркли повикува на уставни измени за укинување на Изборниот колеџ, а шефот на државата да се избира во директно, народно гласање.

На претседателските избори во 2016 година победи милијардерот Доналд Трамп, кандидат од Републиканската партија, кој освои 304 гласа од Изборниот колеџ, наспроти 227 кои гласаа за неговата соперничка Хилари Клинтон. Притоа за Трамп директно гласаа три милиони граѓани помалку отколку за Клинтон (за која гласаа 48,07 отсто од граѓаните, наспроти 45,99 проценти кои гласаа за Трамп). Иако тоа не беше пречка Трамп да биде прогласен за претседател.

Укинување на овој изборен систем минатата недела побара и Елизабет Ворен, уште еден сенатор од демократите, претставник од Масачусетс.

Трамп од своја страна пак го поддржува Изборниот колеџ,

Директни избори за претседател постојат во повеќе претседателски репубилики како Франција или Русија, такви се изборите за претседател и во Северна Македонија. Во Германија и во Велика Британија, претседателите се избираат во Парламентот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.