Полициски службеници утринава кај магистралниот пат Удово-Демир Капија го пронашле телото на 27 годишниот мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди.
Тие рекле дека се повредиле кога скокнале од возилото по наредба на возачот, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција.
Од падот тие се повредиле, а едно лице починало.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.
Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Во друга несреќа, мигрант синоќа бил повреден од воз. Мигрантот кој е од Пакистан бил удрен додека се движел по пругата. Со возило на Итната медицинска помош од Гевгелија, бил прнесен во Клиничкиот центар во Скопје.