Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Логлин се појавија во Судот во Бостон за да се соочат со обвиненијата за давање поткуп за нивните деца да бидат запишани на елитни факултети.
Хафман, која глумеше во „Очајни домаќинки“ и Логлин од хумористичната серија „Полна куќа“ се најголемите ѕвезди меѓу вкупно 50 лица обвинети во случајот за подмитување на професори и обучувачи, за да ги запишат своите деца на водечките американски колеџи.
Првиот обвинет Вилијам Рик Сингер, кој, според обвинението, добил околу 25 милиони долари за да ги поткупи обучувачите и вработените во образовните институции, се изјасни за виновен и соработувал со властите.
Меѓу универзитетите кои биле цел на подмитување се Јеил, Стенфорд, УКЛА и Џорџтаун, но со обвинението не се опфатени учениците или образовните институции.
Според обвинителите, родителите и плаќале на компанијата на Сингер која потоа подмитувала вработени на универзитетите или тренери за да ги лажираат резултатите од тестовите на децата и да потврдат дека се занимаваат со некаков спорт за да добијат стипендии.
Хафман е обвинета дека платила 15.000 долари, бидејќи сакала нејзината најстара ќерка да има повеќе поени при дипломирањето. Според обвинението, таа му платила на испитувачот да ги поправи одговорите на тестот за матура на нејзината ќерка, а според обвинението истото го сторила и за својата најмлада ќерка во 2018 година.
Логлин и нејзиниот сопруг се обвинети дека на Сингер му исплатиле цело богатство од 500.000 долари за нивните ќерки како успешни кајакари да влезат во тимот на Универзитетот во Јужна Калифорнија.Благодарение на признавањето на Сингер, истражувачите имаат аудио снимки од телефонски разговори и е-маил пораки од актерките.
Со обвинението се опфатени 33 родители, а за кривичните дела можат да добијат до пет години затвор.




