Едно лице е убиено во автобус од градскиот превоз на Љубљана, синоќа откако се заканил дека ќе го киднапира возилото и ќе го убие возачот.
Љубљанско „Дело“ наведува дека непозната личност околу 21 часот синоќа го принудила возачот на градски превоз, кој возел на редовна линија, да сврти кон обиколницата, заканувајќи му се дека ќе го убие со шрафцигер. Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, но потоа намерно минал на црвено светло на семафор за да ја предупреди полицијата.
Словенечката полиција дека соопшти дека дошло до инцидентот и оти едно лице настрадало, а неофицијално, тоа е киднаперот на автобусот.
Локалните медиуми соопштуваат дека и една од патничките наводно успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен.




