Уметникот Златко Ориѓански, автор на музиката на претставата во подготовка во Драмски театар Огнени јазици, на kултниот режисерско-писателски двоец Унковски-Стефановски, денеска преку ФБ и се обрати на министерката за култура, барајќи елементарни услови за работа.
Обраќањето на Ориѓански ви го презентираме во целост:
Почитувана министерке Канчевска-Милевска (како бевте не се сеќавам) ама морам повторно јавно да ви се обратам. Аман имајте милост.
Ако не знаете, да дознаете дека, во Драмски театар Скопје два месеца се подготвува театарската претстава „Огнени јазици“ по текст на Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. Два месеца глумците работат на студено, без парно. Ноќеска пробата заврши во 2 часот по полноќ.
Ве молиме смилувајте се, откажете некој коктел, некое патување, откажете некој Шампањ, некоја дебела пастрмка и овозможете им на глумците да се чувствуваат ко луѓе кои нешто прават и даваат за оваа земја.
Па таман позајмиле некој долар и од Субрата Рој. Но,ако ништо не направите, а планирате да дојдете на премиера, да бидете облечени ко за на скијање во Маврово… најмалку, напиша маестро Ориѓански на ФБ.