Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книжевен перформанс на тема „Писателот и стравот“

0
By Нова ТВ on October 30, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 30, 2013 15:03

Во пресрет на дваесетгодишнината од формирањето на Независните писатели на Македонија ќе се одржи првата регионална книжевна манифестација „Писателот е присутен“ на која ќе учествуваат еминентни писатели од регионот и членови на НПМ, а ќе се одржи во Скопје (31 октомври во кафе-бар „Менада“ од 20 часот) и во Гевгелија (1 ноември, сала „Милениум“, хотел „Аполонија“ од 20 часот).

Настанот во кафе-бар „Менада“ ќе започне со промоција на новиот број на списанието „Наше писмо“, по што ќе следува книжевен перформанс на тема „Писателот и стравот“.

На оваа тема од што се плаши писателот во самиот процес на пишување и потоа, како и стравот од совремието и неговите општествено наметнати сатрапи, моќниците на политичката сцена, медиумите, кои пекаат по нови жртви и ексклузивно произведени „случаи“, околината-секогаш гладна за својот малограѓански сеир, ќе зборуваат гостите: Предраг Луциќ и Еди Матиќ од Сплит, Синан Гуџевиќ и Дарија Жилиќ од Загреб, Милорад Поповиќ од Подгорица, како и македонските писатели Ферид Мухиќ, Богомил Ѓузел, Јасна Котеска, Ермис Лафазановски, Јовица Ивановски, Елизабета Шелева, Лилјана Дирјан и Роберт Алаѓозовски. Во вториот дел од вечерта авторите ќе читаат „без страв“ фрагменти од своите книжевни дела.

И во Гевгелија, на 1 ноември (петок) во салата „Милениум“ на хотелот „Аполонија“ (20 часот) ќе се одржи промоција и книжевна вечер на која исто така ќе настапат гостите од регионот и македонските автори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.