Вработените на Охис и официјално се прогласени за технолошки вишок. 770 работници од државниот загубар ќе добијат по 1.400 евра.
Вработените во Охис одат под Агенцијата за вработување од 12 до 18 месеци во зависност од работниот стаж и старосната граница на работникот.
Охис е 20 милиони евра во долг. Државата на работниците им должи 24 плати, а обврската за нивна исплата ќе го има потенцијалниот нов газда на Охис.
Последниве две години Охисовци се на работ на егзистенцијата. Со месеци протестираа, блокирајќи ги главните сообраќајници во Скопје, а протестите ги преселија и пред владината зграда.
Клучните барања се однесуваа на рестартирање на производството и исплата на заостанатите плати.
За Охис во последниве две години се распишаа 13 обиди за продажба – ниту еден не беше успешен.