Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПССЕ: Политичарите не смеат да користат говор на омраза и мора да го осудат

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2019 08:57

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост во врска со почестата појава на говор на омраза што поттикнува ксенофобија, расна омраза, антисемитизам, исламофобија и нетолеранција, кои конкретно се насочени кон малцинствата, мигрантите, жените и припадниците ЛГБТИ заедницата.

Овој вознемирувачки тренд не ги одминува ни политичарите и говорот на омраза се користи „не само од страна на популистичките и екстремистичките групи, туку, исто така, и од страна на претставниците на партиите од сите политички бои, се истакнува во Резолуцијата на ПССЕ, донесена врз основа на извештајот на српската пратеничка Елвира Ковач, објави МИА.

– Политичарите, и жени и мажи, имаат и политичка обврска и морална одговорност да не користат говор на омраза и на жигосување и веднаш и јасно да ја осудат неговата употреба од другите, затоа што нивниот молк може да се толкува како одобрување или поддршка, се вели во усвоениот текст.

ПССЕ ги охрабрува партиите и политичките движења да донесат саморегулаторни инструменти, како што се кодекси на однесување или етички повелби, за забрана на употреба на говорот на омраза од страна на нивните членови.

– Интернет провајдерите, а особено социјалните мрежи, исто така, треба да ги применат инструментите на саморегулација за спречување и казнување на говорот на омраза и за принудно отстранување на навредливи содржини, се наведува во Резолуцијата.

Пратениците, исто така, ги повика 47-те земји членки на Советот на Европа  да усвојат одредби на административниот, граѓанскиот и кривични закон за борба против говорот на омраза, како и промовирање на свеста, вклучително и на меѓународно ниво со иницијативи, како што се Повелбата на европските политички партии за нерасистичко општество и Парламентарната алијанса против омразата.

ПССЕ ги повика земјите членки да ја спроведат препораката  за општа политика на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), која содржи голем број мерки за спречување и борба против омразата и поддршка на оние кои се нејзина цел и да ја поттикне саморегулација од страна на јавни и приватни институции.

За омразата стана збор и во дебатата од аспект на спортот, кој според ПССЕ, претставува „голем потенцијал за менување на менталитетот“.

ПССЕ се заложи за серија мерки за да се стави крај на говорот на омраза и омразата во спортот, вклучувајќи ги и барањата од сите играчи и спортисти да се воздржат од такви дела.

Во оваа Резолуција, усвоена врз основа на извештајот на хрватскиот пратеник Горан Беус Рихемберг, ПССЕ ги повика државите да работат со спортските организации за подобрување на откривањето и пријавувањето на инциденти на говор на омраза и ги охрабрува училиштата да ги учат децата на вредностите на толеранцијата и човечкото достоинство на спортската сцена.

ПССЕ, исто така, побара механизми за да им овозможи на жртвите да пријават злосторства од омраза и употреба на технологија на спортските терени за да ги идентификуваат сторителите.

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа истакнаа дека спортот може силно да ги промени ставовите и треба да биде инструмент за промовирање и пренесување на вредностите, како што се фер игра, меѓусебно почитување и толеранција.

– Во спортот не треба да има простор за предрасуди и насилство или за манипулирање со чувствата на навивачите, се вели во усвоената Резолуција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.