Mакедонската фотографка Елена Героска вечерва jа отвора своjата самостоjна изложба „Траги“ во изложбената сала на Градското собрание во Грац, Австриja.
Героска цел месец престоjува во Грац, како стипендист на културната организациjа „Културфермитлунг Штаjeмарк“ (Kulturvermittlung Steiermark) и работи на нов проект.
Таа работи во бугарската новинска агенција БГНЕС, а досега изложувала во Скопје, Охрид, Софија и во Дрезден, Германија.
Ова е нејзина трета самостојна изложба.