Министерството за култура денеска излезе со реакција по обраќањето на уметникот Златко Ориѓански на ФБ до министерката Канчевска, во кое протестира за непостоењето на елеменнтарни услови за работа во Драмски театар, каде се поставува Огнени јазици на двоецот Унковски-Стефановски, а каде маестро Ориѓански е автор на музиката.
Во реакцијата на Министерката се вели:
– Со жалење го констатираме елементарното непознавање на Златко Ориѓански во поглед на надлежностите на министерството.
Да потсетиме: Министерот за култура не е ниту директор на Топлификација, ниту директор на Драмски театар – Скопје, чија надлежност е да ја менаџира работата на оваа институција. За домашното воспитание и личната култура на Златко Ориѓански манифестирана во јавноста едноставно немаме коментар
На крајот, сакаме да информираме дека Министерството за култура со задоволство ќе присуствува на премиерата „Огнени јазици“, во режија на Слободан Унковски, по текст на Горан Стефановски, а по музика на Златко Ориѓански, бидејќи истата се реализира и финансира благодарение на Годишната програма на Министерството за култура, се вели во реакцијата на Министерството.