Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Tијаниќ: Објавете го ова кога ќе умрам- Не сакам да ме памтите

0
By Нова ТВ on October 31, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2013 15:19

Александар Тијаниќ, генералниот директор на српскиот јавен сервис РТС, и еден од најпознатите новинари во регионот, кој во понеделникот почина на 64-годишна возраст, оставил порака во вид на интервју за НИН, за која барал да биде објавена по неговата смрт: „Објавете го ова кога ќе умрам“.

-…Се сеќавам ’99 , тие денови се вртеше прашањето: Дали тоа ќе го убијат Чирувија или мене?

Чирувија тврдеше дека мене ќе ме убијат, а јас за жал го тврдев истото. Додека Славко не даде изјава за Мира Марковиќ дека му плачела на рамо. Знаев дека е следниот!
Живеев во атмосфера: “Дали си се уште жив ?” или, ‘Дали си се уште во Србија? “.

Најчувствителниот момент во мојот живот беше едно утро околу шест часот. Некој ми заѕвони на врата. Отворив, тоа беше мојот татко.

Јас бев изненаден , што прави тој тука.

Помислив дека му е лошо и дека треба да го однесам во болница. Влезе , претходно му направив чај, и тој ми даде хартија- што треба да му набавам.

На хартијата пишуваше: автомар, хеклер и четири бомби.

И тогаш ми рече : “Па, претпоставувам дека ќе те убијат,набави ми го ова ” Го погледнав прашално , а Тијаниќ кимна со главата.

“Јас реков :” Јас не разбирам”. А стариот на тоа вели- ” Набави ми ова се од хартијава и кажи ми кој е одговорен за твоето убиство. Јас не можам да те закопам а да не те одмаздам .

“А што да се каже за сето ова? Освен дека е му е недостојно на човек да зборува за тоа во јавност . Го раскажав сега и ќе го оставам како во книгата. Јас бев и пријател и непријател…

…Јас длабоко ја мразам професијата со која се занимавам. Новинарство – тоа е слој на робови. Ни самиот не знам што барам во новинарството веќе четири децении. Кога ќе соберам се, има десет текстови кои можат да ме претстават. Само десет од илјадници текстови кои сум ги напишал“, стои во неговата последна порака.

„Се к****м за луѓето да не го видат мојот страв“

Во својот став тој вели „Се к****м за луѓето да не го видат мојот страв“. За поради таа кукавичност да не ме мразат. Затоа се правам храбар во ситуациите кои излудуваат. Списокот на моите непријатели е „кој од кој помоќен во Србија“. Како би ги преживеал тие непријатели, јас морав да бидам звонар на Богородичната црква – грд, грбав, никаков. Но да звонам надалеку“.

„Последните дванаесет години од мојата работа не се новинарство туку борба за главата“

„Не би сакал српското новинарство воопшто да ме памти. Би сакал да оставам две, три книги од свои текстови. И само студентите по новинарство, кога сакаат да ги видат – каков лудак бил Тијнаиќ, да земаат и да прочитаат неколку текстови. Последните дванаесет години од мојата работа не се новинарство туку борба за главата“, е една од пораките на Тијаниќ кои денес ги пренсуваа српските медиуми.

„Често во сонот ми се појавува Подујево, куќата на дедо ми. Не, денес немам никој на Косово. Ме чекаат луѓето во Дечани. Умирам полека, стоејќи на нозете како некоја врста на луд диносаурс“, вели Тијаниќ.


Целосното интервју на Тијаниќ во НИН е објавен на Бигпортал.

Ќе биде закопан во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Тијаниќ во петок ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград. Кремацијата на посмртните остатоци од Тијаниќ е закажана за во петок во 15:00 часот, по што урната ќе биде положена во Алејата на заслужните граѓани во Белград.
Тијаниќ почина во понеделникот навечер пред неговиот стан во Нов Белград.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.