НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на „Браќа Карамазови“во Софија

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва на големата сцена на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија премиерно ќе биде изведена претставата „Браќа Карамазови“ во режија на македонскиот автор Дејан Пројковски. Пројковски горежира најголемиот проект за оваа сезона на сцената на водечкиот бугарски театар и еден од најважните европски театарски центри, а претставата е дел и од официјалната програма на „Пловдив – европска престолнина на културата за 2019 година“.

Народниот театар од Софија “БраќаКарамазови” на Пројковски ја најави како грандиозна и неверојатна претстава, истакнувајќи ги спектакуларната сценографија и раскошните костими, но и звездената актерска екипа во која учествуваат дел од најголемите актерски имиња на бугарскиот театар денес.

„Разликата помеѓу совршената и останатите камбани во еден полутон кој што го слушаат само големите мајстори. Таква е разликатаи помеѓуАнгелот и ѓаволот.Токму со тој полутон се занимава нашата претстава. Важно е човекот даго изострува добриот слух“, изјави Пројковски, при најавата на премиерата во бугарските медиуми, истакнувајќи дека „за човекот не е важно само дека живее, туку и прашањето зошто живее. Всушност, оваа претстава е едно бурно и емотивно патување низ човековата душа и срце“, најави Пројковски.

Дејан Пројковски, покрај режијата, ја потпишува и сценската адаптација на епохалниот роман на Фјодор Достоевски, а заедно со него, на претставата работеа уште двајца истакнати македонски автори – сценографот Валентин Светозарев и композиторот Горан Трајковски. Костимите се на легендарното име на бугарскиот театар, Елена Иванова.

Билетите за  премиерата се одамна распродадени, а следните изведби се во мај и во јуни.

Вечерашната премиера за македонскиот режисер значи освојување на уште еден важен театарски центар,откако минатата година за свои претстави доби престижни награди во регионот – неговата „Ромео и Јулија“беше прогласена з анајдобра претстава во Турција, а претставата„Орестија“беше прогласена за претстава на годината во Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.