НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трудница го загуби бебето, а две абортирале поради морбили

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една бремена жена го изгубила плодот, а две побарале да им биде извршен абортус поради тоа што биле заболени од морбили. Од Клиниката за гинекологија објаснуваат дека едната од двете бремени жени се јавила на првостепена комисија, на свое барање, за прекин на бременост поради заболување од морбили. Од комисијата и бил дозволен, по што бил извршен прекин на бременоста по сите протоколи.

На првостепена комисија се јавила уште една пациентка со прележани морбили во текот на бременоста. По нејзино барање, одобрен бил прекин на бременоста. Сето ова се случувало во последните при месеци. Пациентката која го изгубила плодот, освен морбили имала и висок крвен притисок, а бебето го изгубила веднаш по приемот на Гинекологија.

„На ГАК-Скопје беше примена и пациентка од Велешко во 22 гестациска недела, по претходно три царски реза, последниот пред 18 месеци. Пациентката има претходно егзитиран плод по последниот царски рез. Стануваше збор за пациентка прекумерна тежина и висок крвен притисок. Таа имаше осип во прилог на морбили. По приемот на Клиника настана спонтан абортус на мртов плод, по што е направена инструментална ревизија на матката. Постапено е по сите протоколи за третман и изолација на пациентката, по совет од инфектолог и од комисијата за интрахоспитални инфекции. По стабилизација на состојбата пациентката беше испишана од нашата Клиника и со придружба беше испратена за натамошна хоспитализација и третман на Клиниката за инфективни болести во Скопје“, велат на Клиниката за гинекологија.

Од ГАК велат дека пациентките заразени од морбили, се изолираат во посебна просторија и  имаат посебен хигиенски третман. По завршување на интервенцијата просториите се чистат со дезинфекциски средства и се кварцаат. Персоналот користи заштитни маски. Кај персоналот на ГАК нема заразени од морбили.

Со оглед на денешниот заклучок на Комисијата за заразни болести, да се прогласи епидемија на мали сипаници на територија на целата држава, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ја издава следната информација која се однесува на перинатолошките аспекти на ова заболување и другите форми  на исипни трески (варичела, рубеола).

Морбилите како инфективно, високо контагиозно заболување, подедакво ја загрозуваат трудничката популација на територијата на која се појавуваат. Ризиците од појава на заболувањето се повисоки помеѓу невакцинираната трудничка популација. Ризиците кои се однесуваат на текот и исходот на бременоста се повеќекратни. Иако, научната јавност нема усогласен консензус, досегашните искуства покажуваат дека заболувањето е поврзано со повисока стапка на спонтани пометнувања (абортуси), кај пациентките кои заболуваат во рана фаза од бременоста. Заболувањето не е поврзано со зголемен ризик од вродени аномалии, но ризикот од предвремено породување кај овој дел од трудничката популација е поголем и дирекно е поврзан со фебрилната фаза на болеста.

Истовремено, како последица на повисоките стапки на предвремено породување, расте и стапката на перинаталниот морталитет, условено од појавата на конгенитална форма на заболувањето. Појавата на заболувањето во периодот на очекуваниот термин за породување, исто така ги зголемува ризиците во однос на неповолниот перинатален исход и кај терминските бремености. Што се однесува до ризиците по здравјето на мајката, заболувањето е поврзано со повисок ризик од компликации на респираторниот систем, во однос на општата популација.

Сепак, од ГАК велат дека ова заболување не е единственото кое е оптоварено со ризици од перинатолошки аспект. Покрај горенаведените ризици, кои се однесуваат и на другите форми на исипни трески,  варичелата и рубеолата се поврзани и со зголемени ризици од појава на конгенитални аномалии т.е вродени дефекти, интраутерин застој во растот и развојот на плодот, што резултира со раѓање на плод со пониска родилна тежина од очекуваната, како и со зголемен ризик од интраутерина фетална смрт.

Во случаите на пациентки со варичела, која се јавува во очекуваниот термин за породување, импликациите по перинаталниот исход се особено сериозни заради асоцијацијата на конгениталната форма на заболувањето со респираторните компликации и компликциите на централниот нервен систем, кај новородено од мајка со активна форма на болеста во моментот на породувањето.

Прогласена е епидемија на мали сипаници во цела држава

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.