Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако нема цензус во вториот круг, тоа ќе биде политичка криза

0
By Соња Петрушевска on April 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2019 15:22

Без цензус во вториот круг, влегуваме во политичка криза, рече премиерот Зоран Заев и додаде дека очекува граѓаните да излезат на гласање и да не дозволат државата да влезе во неизвесност.  Во интервју за ТВ21, Заев кажа дека меѓу гласањето на референдумот и на изборите има разлика и очекува дека  цензусот  ќе се постигне.

Во другиот случај има неколку опции – да се организираат нови избори, да се намали цензусот за избор на претседател или да се смени начинот на избор на претседателот.

„Јас мислам дека ќе успееме. Еве и во најлошите сценарија, доколку некои наши големи политички актери одлучат да бојкотираат. Без големите политички чинители за референдумот постигнавме 37 %. Изборите се друга работа. Го гледаме и амбиентот каков беше. Амбиентот беше поприлично тежок посебно за македонската заедница и сите се согасуваме. За претседател е друго, ако одлучи некој да бојкотира, треба да си го прифати ризикот – што доколу и со неговиот бојкот се постигне цензус од 40 отсто. Јас верувам дека ќе се постигне 40 отсто и секако не размислувам за бојкотот. Рената Десковска како прв правник во мојата Влада ми вика, имаш две варијанти – повторување на изборите, и можност да се смени Уставот и во него се две подможности – или да го тргнеш цензусот или да бираш претседател во Собранието. И што сега ќе мислам, мислам како ќе има цензус. И ќе има цензус, верувам дека ќе го постигнеме, затоа што верувам во граѓаните. Нема да ја остават вака државата да оди низ вода. Тоа ќе биде нова политичка криза“, кажа Заев.

Цензус е потребен само во вториот круг од гласањето.

Во членот 81 од Уставот пишува дека за победник во првиот круг ќе се смета кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број на избирачи. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласање. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од гласачите. Доколку и во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

До одржување на новите избори, функцијата вд Претседател на државата ќе ја извршува собранискиот спикер Талат Џафери, кој најави дека доколку изборите пропаднат, новите претседателски избори би требало да се одржат во рок од 60 дена, колку што според закон е предвидено да трае мандатот на било кој вршител на должност. Сепак, тој остави простор и за дополнителни консултации со партиите, за да не се поклопи евентуалното одржување на новите претседателски избори со летните одмори.

И опозицијата повикува на излезност на изборите – партискиот претседател Христијан Мицкоски кажа дека тие воопшто не размислуваат за апстиненција во првиот или во вториот круг.

„Излезете на денот на гласањето заеднички да се бориме против злото. Гласајте за себе и своето семејство, гласајте за Македонија“ ги повикува Мицкоски од митинзите партиските симпатизери.

Во однос на излезеноста, дел од политичките аналитичари кои го следат јавното мислење анализираат дека бојкот на изборите не одговора на ниту една политичка партија и по предвидливо за нив е во ваков случај да има промена на Уставот за намалување на цензусот за избор на претседател, од колку брзо да се организираат нови претседателски избори, поради ризикот повторно да се случи неуспех.

„Точно е дека ќе влеземе во криза, но ни на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара ова сценарио, затоа што ќе почне внатрепартиски притисок врз Мицкоски и ќе биде добра шанса за оние кои чекаат лош резултат“, кажа за 1ТВ Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ .

„Бојкот не му носи добро ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на ниедна партија. Но не би го потценувал капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ особено на Мицкоски да направи нешто нерационално. Евентуалниот неуспех на претседателските избори го промовира Талат Џафери  и го носи Парламентот во нова ситуација на потрага по 80 пратеници заради нужна промена на начинот за избор на претседател“, вели Петар Арсовски.

Спасов и Арсовски сметаат дека не треба да се менува начинот на избор на претседателот и тој да се избира во Собранието, туку шефот на државата треба и натаму да се избира на избори, но да се намали цензусот во вториот круг, кој во европските земји се движи околу 20 проценти.

За да биде успешен вториот круг од претседателските избори на 5 мај треба да гласаат 723.253 гласачи, што е 40 проценти од вкупниот број  1.808.131 избирачи. За победа во првиот круг, еден кандидат треба да освои 904.066 гласови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.