Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрани речиси една милијарда долари за обнова на Нотр Дам

0
By Нова ТВ on April 17, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2019 13:06

Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена.

Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата.

Педесет луѓе ќе работат на истрагата за причината за пожарот. Јавниот обвинител на Париз, Реми Хаиц рече дека нема очигледни индикации дека се работи за подметнување и дека пожарот се смета за несреќа.

Истражителите започнаа со сослушување на работниците од пет компании кои работеле на реновирањето што се во тек во катедралата. Властите веруваат дека токму овие работи би можеле да бидат поврзани со катастрофата.

Францускиот претседател Емануел Макрон одреди петгодишен рок за обнова на катедралата од 12. век. Макрон денеска ќе претседава на вонредна владина седница посветена на несреќата во Нотр Дам.

Во телевизиското обраќање вчера вечер, Макрон посочи дека сака катедралата повторно да биде изградена до 2014 година кога Париз ќе биде домаќин на Летната олимпијада во 2024 година.

Но, експертит сметаат дека можно е да се потребни децении за обнова. Фредерик Летоф, шеф на компанија за реставрација на историски споменици, смета дека реална временска рамка е помеѓу 10 и 15 години, предупредувајќи дека ќе биде потребна голема работа за да се обезбеди локацијата пред да се започне со реставрација.

Претседателскиот советник за заштита на културното наследство Стефан Берн денеска изјави дека досега се собрани 880 милиони евра. Меѓу оние кои донираа се и американскиот ИТ-гигант „Епл” и магнатите, кои ги поседуваат „Л’Oреал“, „Шанел“ и „Диор“, како и католици и припадници на други вери од Франција и од целиот свет.

Светот во шок за Нотр Дам: Градена 100 години, уништена за неколку минути

Што е уништено

Пожарот што се случи во понеделникот во 18:43 часот и беше целосно изгаснат речиси 15 часа подоцна, уништи поголем дел од покривот на катедралата, додека целосно со урна познатата шилеста готска кула.

На експертите се уште не им е дозволено да дојдат на самото место за да ја проценат штетата, а пожарникарите со беспилотно летало го проценуваат обемот на штетата.

Според фотографиите, барем еден од витражи е неоштетен, но нема информации за останатите два. Органата од 18 век не била зафатена од пожарот, но не се знае дали е оштетена.
Заменик-министерот за внатрешни работи, Лорен Нуњез вели дека структурата е генерално во добра состојба , но дека биле идентификувани извесни проблеми во камените сводови и остатокот од таванот.

Главната структура, вклучувајќи ги и двете камбани, се спасени.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.