НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како од отпадот да се произведе енергија-студенти од Машински предлагаат решенија

0
By Нова ТВ on April 17, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согорувањето на медицинскиот отпад во Дрисла е голема закана, комуналните претпријатија го собираат отпадот главно во градовите со камиони и од контејнери кои се стари и оштетени, голем дел од отпадот се расфрла на диви депонии, а рециклирањето го вршат само приватни компании. Ова се проблемите со управувањето на отпадот во Македонија кои ги посочија студентите на Машинскиот факултет на јавната презентација која се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Во Македонија годишно се создава околу 700 илјади тони отпад. Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава и кои ги загадуваат водите, почвата и воздухот. Студентот на Машинскиот факултет Филип Тодоровски смета дека со изградба на предвидените регионални центри за управување со отпад може да се спречи создавањето на дивите депонии и да се зголеми соработката помеѓу соседните општини, чии комунални претпријатија ќе го собираат отпадот и во селата.

„Депонирањето на отпадот, пак, треба да биде подземно, во претходно оформени базени, за да се заштитат почвата, водите и атмосферата. На најголемата депонија во државата, Дрисла треба да се затворат сегашните и да се отворат нови депониски места, да може да се формира депониски гас и да се замени печката за согорување на медицинскиот отпад“, смета студентот Тодоровски.

Според студентката на Машинскиот факултет Емилија Дејаноска, инсенераторот во кој Дрисла сега го согорува медицинскиот отпад претставува голема закана заради несоодветни мерки за заштита на околината.

„Здравствените ефекти од емисиите на диоксин и фурани од печката за инсенерација, особено за време на пуштање и исклучување, или кадешто се бара бајпас на филтерот, продолжуваат да бидат проблем. Со нов инсенератор со поголем капацитет, загадувањето ќе се неутрализира бидејќи ќе се создава обновлива енергија базирана на биомаса, а остатокот од пепел, кој не е опасен цврст отпад, ќе може безбедно да се одложи на депонијата или да се рециклира. Дополнително, ќе се зголеми и капацитетот на депонијата бидејќи обемот на согорениот отпад е помал за околу 90 проценти“, наведува студентката Дејановска во нејзината презентација.

Таа додава и дека топлината која се ослободува при сегашното согорување на отпадот на Дрисла не се искористува и претставува огромна енергетска загуба. Според пресметките, околу 20 проценти од отпадот на Дрисла може да се согорува (130 тони/ден). Топлината од ова согорување би затоплила околу 9.000 домови, што е дури половина од домаќинствата во општината Аеродром или 6,5% од сите домаќинства во Скопје.

Проценките се дека во отпадот во државата, дури 38.000 тони се пластика, а над 40.000 тони се стакло – цврст отпад за кој се потребни векови да се распадне. Доколку се рециклираат, ќе се заштедат природните ресурси и ќе се намали побарувачка за енергија потребни во производствениот процес, а нема да се создава дополнителен отпад и нус производи.

„Од 13.963 тони пластика годишно на пазарот во Македонија, се рециклираат само 19% (2.657 тони). Со 1 тон рециклирана пластика (20.000 шишиња) се заштедуваат околу 2 тони нафта и 5.700 киловати енергија, што е еднакво на потрошена енергија од две лица за време од една година и количина на вода што би ја користело едно лице за време од два месеци“, објасни студентката на Машинскиот факултет Јована Лозановска.

„Во Македонија не постои производител на стакло. Шишиња за вино, пиво и безалкохолни пијалаци, тегли за прехранбена индустрија и друга стаклена амбалажа се увезуваат главно од Хрватска, Бугарија и Италија“, вели студентот на Машинскиот факултет Александар Белчовски.

Студентите на Машинскиот факултет велат дека со решенијата кои ги предлагаат не само што ќе се намалат количините на ѓубре на депониите и загадувањето на воздухот, почвата и водите, туку од отпадот ќе се произведува и електрична и топлинска енергија за потребите на домаќинствата и на индустриските капацитети во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.