НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слушнете ги средношколците!

0
By Нова ТВ on November 1, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

* Постер на Сандра Андоновска, учесничка во проектот

Човекот како личност започнува да се гради уште од најрана возраст, но најголемиот дел од неговите карактерни особини, начинот на живот и навиките ги стекнува како средношколец. Годините поминати во средното училиште за секој млад човек се особено значајни. Ова е важен период од животот на секој од нас. Тогаш почнуваме да се осознаваме себеси и светот околу нас. Го напуштаме детството и зачекоруваме во светот на возрасните. Размислуваме за сопствената иднина, но и за иднината на општеството во кое живееме. Имаме свое мислење, градиме свои ставови. Но дали секогаш можеме да ги искажеме и дали некој го слуша нашиот глас, нашето мислење, нашите барања?

Еден од најизразените проблеми со кој се соочуваат средношколците и кој сакаат да го надминат е нивното учество и улогата во средношколските заедници. Ретко кој од менаџерските тимови на училиштата во нашата држава, ги прашува и ги консултира средношколците за определени прашања и проблеми што ги засегаат училиштата и образовниот процес во целина. Мислењето на средношколците се слуша, иако, не секогаш и секаде, единствено кога треба да се реши дестинацијата за екскурзија или пак, да се избере фотографот за матура. За сите други важни прашања (квалитетот и разбирливоста на учебниците, екстерното оценување, начинот на работата и оценување на професорите, односот на професорите спрема учениците, и др.) средношколците се исклучени од процесот на консултации и донесување одлуки.

А токму, средношколците се најважната засегната страна во образовниот процес. Сите прашања, проблеми и одлуки, најголемо влијание имаат токму врз учениците.

Средношколците мора да бидат консултирани и да го имаат правото на глас во училиштето. Средношколците не се „мали деца“ (иако и децата имаат свои права) како што менаџерските тимови на училиштата и останатите сакаат да ги окарактеризираат и да донесуваат одлуки без нивно учество. Средношколците претставуваат најмасовното тело во училиштата, а сепак, се уште не се слуша доволно нивниот глас. Тие се оние кои што се полни со амбиција, кои сакаат да ги развијат и покажат своите способности. Верувајте дека, доколку активно се вклучат во работата на училиштата и образованието во целина, од нив ќе произлезат многу креативни и корисни решенија и идеи.

Сепак, светот, сакале или не, останува на младите. Или подобро, младите доаѓаат да го освојат! Имајте доверба во нив. Вклучете ги!

Кристијан Милошевиќ
(авторот е средношколец)

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/
Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.