Промоција на монографијата „Поп Глам“ на академскиот сликар Златко Глигоров ќе се одржи вечерва во Даут пашиниот амам со почеток во 20 часот. Со монографијата се заокружува 15 годишно ликовно творештво и долггодишно истражување на начин и израз на Поп арт, уметнички правец настанат во шеесетите години на минатиот век.
Монографијата ќе ја промовираат отец Стефан Санџаковски и проф.др. Иван Џепароски.
„Денешниот посматрач на уметничките творби на маесто Злако Глигоров останува вџашен, стоејќи пред нив, така како што нивниот автор стои вџашен секогаш кога ги опсервира оригиналите на средновековните пишувачи на икони и фрески. Може да се зборува за своевиден мистичен брак на вечното и современото во уметничкото творештво на Глигоров или пак, за нова постмодерна синтеза“, велат меѓудругото промоторите на монографијата.
Монографијата е во издание на издавачката куќа Пагома Прес.