„Век за приказ“ е насловот на новата стихозбирка од Веле Смилевски што деновиве се појави во издание на „Дијалог“ од Скопје. Книгата донесува 140 песни поделени во циклусите „Отворена книга“, „Предзнаци“, „Отмена песна“ и „Час по истрајност“.
Веле Смилевски е автор на 15 стихозбирки, меќу кои: „Кафез“, „Диши длабоко“, „Забранета книга“, „Совршена тишина“ и трилогијата „Час по поезија“. Добитник е на највисоките признанија за поезија кај нас, наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на државната награда за животно дело “„11 Октомври“. Носител е на орденот „Сергеј Есенин“ на Сојузот на писателите на Русија. Минатата година Веле Смилевски за поемата „Век за самување“ ја доби престижната награда „Григор Прличев“.