За само еден месец владата го зголемила јавниот долг за 9 милиони евра. Заклучно со септември долгот достигна 2.700.000.000 или 34,1 отсто од БДП што е за 0,1 проценти повеке од август. За министерот за финансии Зоран Ставрески, да се зборува за 9 милиони евра потрошени за 30 дена, е смешно, јавува Телма.
-Зголемување од 0,1 процент не е некакво зголемување. Државниот долг и натаму е низок, а македонија е четврта најмалку задолжена земја, вели Ставрески.
Според структурата на јавниот долг, владата ги намалила надворешните задолжувања на ниво од 1,6 милијарди евра, но ги зголемила долговите кон внатрешните кредитори кои сега изнесуваат 1,1 милијарда евра.
Последен пат владата се задолжи пред три дена,кога наместо најавените 37 милиони евра, продаде државни хартии од вредност за 44 милиони евра.
Во однос на странскиот капитал кој влегол во земјава, податоците покажуваат дека во август тие изнесувале 27,3 милиони евра, а во првите осум месеци од годинава 157,3 милиони. Ова ниво на странски директни инвестиции, според Ставрески, се резултат на добрата владина политика
-Станува збор за успешната приказна, добра бизнис клима, ние сме топ реформатори, вели Ставрески.