Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција кажа дека на изборите победува нивниот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
„Од обработени 43 проценти од избирачките места, ВМРО ДПМНЕ води во Битола, Кичево, Велес, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Штип, Свети Николе, Аердром, Кисела Вода.
ВМРО ДПМНЕ веќе победи во Пехчево, Јегуновце, Могила, Илинден, Лозово, Ѓорче Петров и во Радовиш“ рече генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.
Јанушев оцени дека изборниот ден поминал мирно, иако во изборната кампања имало и прекршувања.