Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Дали зад Зеленски се крие владењето од сенка на олигархот Коломојски

0
By Нова ТВ on April 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2019 10:31

По победата на Володимир Зеленски на претседателските избори во Украина во неделата, некои аналитичари стравуваат дека сега со земјата „од сенка“ би можел да управува украинскиот милијардер Ихор Коломојски.

Коломојски е сопственик на телевизијата на која беше емитувана серијата „Слуга на народот“, со која како актер се прослави Зеленски, каде толкуваше улога на професор кој станува претседател на државата.

Меѓутоа, некои аналитичари посочуваат дека ова не е единствената врска помеѓу новиот претседател на Украина и олигархот, кој живее во доброволен егзил во Израел. Имено, базата на регистарските таблички на возилата, документите за сопственост на компаниите и објавените фотографии, укажуваат дека патиштата на Зеленски и Коломојски често се вкрстувале.

Катарската телевизија Ал Џазира посочува дека Зеленски и Коломојски имаат заеднички деловни партнери, а најмалку две од возилата што ги користат новиот претседател на Украина и неговите соработници се во сопственост на лица или компании поврзани со бизнисменот.

Покрај ова, телевизијата на Коломојски му даваше безбедносна и логистичка поддршка на Зеленски во текот на изборната кампања, а неговиот советник за правни прашање бил адвокат на олигархот.

Бриселскиот портал „Политико“ наведува дека некои украински медиуми информирале оти во изминативе две години Зеленски 14 пати патувал за Женева или Тел Авив, каде во тоа време се наоѓал 52-годишниот Коломојски.

До 2015 година Коломојски беше гувернер на регионот на Дњепропетровск, а кога во 2016-та негов близок соработник беше уапсен под обвинение за киднапирање и убиство, тој ја напушти Украина.

Коломојски беше сопственик и на најголемата украинска банка „ПрајватБанк“ и на неколку авиокомпании. Украинските власти го обвинија Коломојски за проневера на повеќе од милијарда евра од банката, која ја национализираа во 2016 година, но пред неколку дена суд ја прогласи национализацијата за незаконска.

Поради сето ова од пред три години, Коломојски од егзил започна „војна“ против се уште актуелниот украински претседател Петро Порошенко. Во кампањата против Порошенко, Коломојски отиде до таму што неговата телевизија го обвини шефот на државата за убиство на сопствениот брат.

По објавувањето на првичните резултати од неделниот втор круг од претседателските избори во Украина, на кои Зеленски освои 73,23 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Порошенко само 24,44 проценти, Коломојски најави дека „сигурно ќе се врати во Украина“, откако ќе бидат објавени конечните изборни резултати.

Зеленски, од своја страна, во текот на изборната кампања во повеќе наврати негираше дека ќе води политика во интерес на Коломојски, доколку биде избран за претседател на Украина.

Коломојски и неговата телевизија отворено го поддржуваа Зеленски во текот на кампањата, но олигархот негираше каква и да било поврзаност меѓу нив, нагласувајќи дека тие се само „пријатели поврзани со телевизиски договор“.

Бизнисменот изјави и дека не ја поддржал финансиски кампањата на Зеленски, додавајќи дека немало потреба за тоа бидејќи поранешниот актер е „богат човек“ и дека неговите пари „се чисти, за разлика од оние на многумина други во Украина“.

На крајот, уште една заедничка работа меѓу Зеленски и Коломојски е тоа што и двајцата се Евреи.

Уредникот на магазинот „Одеса Ревју“, Владислав Давидзон оценува дека токму поради овој факт, во случај на политички неуспех на потенцијалниот сојуз меѓу Зеленски и Коломојски, гневот би можел да биде насочен кон припадниците на еврејската заедница во Украина, каде антисемитизмот има долга традиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.