Единаесет дена откако во Индонезија се одржаа најголемите еднодневни избори во светот, над 300 луѓе од изборната администрација починаа, повеќето од болести причинети од исцрпеност по долги часови рачно пребројување изборни ливчиња. Тоа го соопшти денеска претставник на властите.
На 17 април во Индонезија со 260 милионско жители, за првпат во ист ден се одржаа претседателски избори, избори за националниот дводомен парламент и за регионални законодавни органи. На нив гласале над 80 проценти од гласачкото тело од 193.000 луѓе на 800.000 гласачки места.
– До овој момент, 287 членови на избирачки комисии и 18 полицајци одговорни за редот за време на изборите починаа, повеќето поради премор, додека 2.096 луѓе се болни, изјави Ариеф Пријо Сусанто, портпарол на изборната комисија.
Министерството за здравство на 23 април испратило писмо во кое бара од болниците да обезбедат најдобра медицинска помош за болните службеници, а Министерството за финансии ќе компензира семејства на починатите.
Изборната комисија беше остро критикувана поради големиот број смртни случаи поради премореност. Пребројувањетона гласовите завршува на 22 мај кога ќе бидат објавени конечните резултати.




