Светската здравствена организација препорачува на сите оние кои патуваат во Сирија да бидат комплетно вакцинирани против полио,откако во оваа земја се појавија 22 случаи со опасната болест„акутна флакцидна парализа“.
Здравствените власти во Сирија и соседните земји се на нога по откривањето на случаите, од кои кај 10 е откриен дивиот поливирус тип 1. Најголем дел од заболените се деца под двв годишна возраст, од кои некои биле вакцинирани, а некои воопшто не биле вакцинирани.
Ова е првпат по 14 години во Сирија да се појави опасниот вирус. Во земјата веќе започнале да се спроведуваат против епидемиски мерки, а на 24 октомври започна вакцинацијата на населението Во Сирија имунизацијата бележи голем пад од дури 91 процент во 2010 година, до 68 проценти минатата година. Планирано е да се вакцинираат 1, 6 милиони деца против полио, сипаници, зараазни заушки и рубеола во областа контролирана од владата и во воената област на Сирија .
Во провинцијата Dier Al Zour вакцинацијата започна веднаш по пријавувањето на првиот случај. Спроведување на противепидемиски мерки од пошироки размери се планирани да почнат на почетокот на ноември и да траат шест до осум месеци, во зависност од зафатената област и актуелната епидемиолошка ситуација.
Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и големите „дупки“’ во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус тип 1 во регионот се смета за висок. Во државата веќе е ставена состојба на аларм во целиот регион со цел активно пребарување на дополнителни потенцијални случаи.