Published: Wednesday, May 1, 2019 09:44
Драматично видео се појави на социјалните мрежи од компанијата Метеоплус на кое се гледа моментот кога вчера торнадо ја зафати руралната област Калараши во Романија, во невремето што го зафати источниот дел на земјата.
Според локалните медиуми, торнадото уништи најмалку 10 куќи во оваа област. Романската телевизија ја пренесе изјавата на шефот на полицијата во Калараши, според која автобус со 40 патници бил превртен од силните ветрови и од торнадото.




