Собранието на Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добиваат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.
Ребалансот беше поддржан од 58 пратеници. СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс.
Пратениците на опозиционата СДСМ претходно најавија дека нема да гласаат по предложениот ребаланс.
Со ребалансот на Буџетот се предвидуваат дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 1,34 милијарди денари (21,7 милиони евра) и дополнителни 430 милиони денари (6,9 милиони евра) за Министерството за образование и наука за опремување на лаборатории.
Со ребаланост буџетскиот дефицит се проширува на 3,9 отсто од БДП, а според владата, финансирањето е обезбедено од вкупните ликвидни средства и депозитите кој што ги располага државата.
Министерот за финансии Зоран Ставрески предлагајќи го ребалансот појасни дека станува збор мини корекција на многу мал број на ставки и наведе дека вкупната ликвидност на буџетот, вкупните буџетски приходи и буџетската рамка се во рамките на планираното.