Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови тензии: Пацоли го прогласи Дачиќ за персона нон грата на Косово

0
By Нова ТВ on May 5, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 5, 2019 14:55

Косовскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли го прогласи за персона нон грата шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, поради негирањето на масакрот во селото Рачак, каде што српските сили во јануари 1999 година ликвидираа 45 цивили, од кои 30 жени, деца и старци, јави МИА од Приштина.

Пацоли на својот профил наФејсбук порача дека „се додека фашистите како Дачиќ не се казнат, нема да има помирување меѓу Косово и Србија“.

Шефот на косовската дипломатија потсетува дека неговиот актуелен српски колега во времето на режимот на Слободан Милошевиќ беше портпарол на неговата партија.

– Одвратно е и апсолутно неприфатливо негирањето на масакрот во Рачак од сегашниот министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој службуваше како гласноговорник на партијата на Милошевиќ во 90-тите години. Портпаролот на Милошевиќ постојано ги навредува жртвите и нивните семејства и ги негира масовните убиства и геноцидот во Косово од страна на режимот на кој му служеше со голема посветеност, пишува Пацоли.

Тој вели дека Србија извршила „најтешки злосторства против Албанците, Бошњаците и Хрватите во Европа од нацистичките злосторства во Втората светска војна врз Евреите“.

Косовскиот вицепремиер наведе дека Дачиќ продолжува да ги негира воените злосторства заради тоа што меѓународната правда потфрлила да ги казни тие што извршија злосторства против човештвото во Косово.

– Правдина за воените жртви во Косово нема да има се додека правдата продолжува да ги крие тие злосторства под килим. Доколку нема казна за злосторствата на Србија извршени во Косово нема никогаш да има помирување и овие фашисти во Белград ќе продолжат да ги негираат злосторствата кои ги извршиле, пишува Пацоли.

Косовскиот вицепремиер информира дека донел одлука да им се забрани влез во Косово на сите српски официјални лица кои ги негираат воените злосторства.

– Како министер за надворешни работи одлучив сите српски официјални лица кои даваат изјави со кои ги негираат воените злосторства извршени во Косово да се прогласат за персона нон грата во Косово и го повикувам Обвинителството да преземе законски дејствија против нив, напиша Пацоли.

Шефот на српската дипломатија во интервју за руски „Вести“, што денеска го пренесуваат медиумите во Србија, изјави дека лажните информации за масакр во Речак биле повод за интервенцијата на НАТО против тогашната СР Југославија.

– Србите беа среќни кога Доналд Трамп ги доби изборите. Србите го мразат семејството на (Бил) Клинтон. Кога почнаа бомбардирањата, Клинтон, Медлин Олбрајт (поранешна американска државна секретарка) и Тони Блер (поранешен британски премир) лажно ја оправдаа агресијата со злосторства на српските сили и српската полиција, кои не се докажани во меѓународните судови, дури ни во Меѓународниот трибунал во Хаг. Настаните во Рачак беа директен повод за започнување на бомбардирањата, изјави Дачиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.