Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Посетата на Папата е признание за местото на Северна Македонија меѓу прогресивните земји

0
By Нова ТВ on May 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2019 15:15

„Посетата на Неговата Светост, првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава Папата Франциск, како прва, историска посета на еден Папа на нашата земја, е огромно признание за местото што Република Северна Македонија го зазеде во глобалната заедница на прогресивните земји“ рече премиерот Зоран на прес коференција.

Заев додаде дека посетата на Папата Франциск не е резултат на митологии.

„Неговата посета е израз на созреано време да се оддаде признание за историските врски од раните векови на христијанството кога Папата Адријан Втори ги благословил и осветил богослужбените книги на светите браќа Кирил и Методиј со кои подоцна е извршена христијанизацијата на словенските народи во Европа“ кажа Заев по официјалната средба, на прес конфенерција во медија центарот во Домот на АРМ.

За Заев, посетатата на папата е и голема мотивација да продолжи понатаму и кажа дека се надева дека по 14 години пред вратите на ЕУ земјава ќе добие датум за преговори за членство.

„Ако треба би се сретнал со претседателот Макрон и 10 пати, со премиерот  Руте и канцеларката Меркел, тоа го правеа моите колеги Ципрас и Борисов, зашто пред нас стои голема одлука, да ги отвориме поглавјата за преговори. Тоа е наша втората наша голема цел. Првата цел е веќе остварена – членството во НАТО.  Како што реков, 14 години е премногу долго време во чекалната пред вратите на ЕУ. Денешната посета на Папата го потврдува тоа, но беше потврдено и со претседателските избори. Ќе продолжиме да бидеме добар пример за европските земји“ кажа Заев.

На прашањето како влијаеле пораките на папата, кој се залага против корупцијата и лажните вести кои ги има и кај нас, Заев кажа дека и  политичарите, и  новинарите и сите граѓани треба да учат од мисијата на Папата која што тој ја шири низ светот, а тоа е поголема верба меѓу нас, искоренување на сите слабости и девијантни појави.
„Во Република Северна Македонија има многу работа на тие теми – и лажните вести и консолидацијата, одговорноста, транспарентноста, граѓанскиот аспект на живеењето што го проповеда Светиот Отец. Треба да продолжиме да бидеме добри луѓе, професионалци секој во својата дејност, да ја подобриме транспарентноста, отчетноста. Треба да продолжиме да работиме да е подобро на сите овие прашања“, рече премиерот Зоран Заев.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.