„Посетата на Неговата Светост, првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава Папата Франциск, како прва, историска посета на еден Папа на нашата земја, е огромно признание за местото што Република Северна Македонија го зазеде во глобалната заедница на прогресивните земји“ рече премиерот Зоран на прес коференција.
Заев додаде дека посетата на Папата Франциск не е резултат на митологии.
„Неговата посета е израз на созреано време да се оддаде признание за историските врски од раните векови на христијанството кога Папата Адријан Втори ги благословил и осветил богослужбените книги на светите браќа Кирил и Методиј со кои подоцна е извршена христијанизацијата на словенските народи во Европа“ кажа Заев по официјалната средба, на прес конфенерција во медија центарот во Домот на АРМ.
За Заев, посетатата на папата е и голема мотивација да продолжи понатаму и кажа дека се надева дека по 14 години пред вратите на ЕУ земјава ќе добие датум за преговори за членство.




