НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МКЦ: Скопје доби нов мурал

0
By Нова ТВ on May 8, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватскиот уличен уметник, Лонац, на покана на Младинскиот културен центар изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ „Илија Николовски Луј“. При пристигнување во Скопје, случајно се запознава со Мартина Ѓорѓеска – девојчето на муралот и нејзиното друштво, па така и сосема случајно стигнал до идеја за композицијата на муралот. Неколку фотографии од Мартина на точак со инструмент во рака биле главната инспирација за муралот насловен „Тамбурица“, кој сега го краси „музичкиот дел“ на Скопје.

Лонац е уметник чии извонредни дела може да се најдат секаде низ светот, а најдобрo е препознаен по неговите фотореалистични мурали.  Создадени со спрејови и четки – обично се под влијание на скејтборд култура, стрипови, графити, филмови, музика, но, исто така, и сегашните социјални проблеми. Неговото последно дело со наслов „Изгубен билет“, реализирано во Белгија непосредно пред доаѓањето во Скопје, веднаш беше издвоено од специјализираниот портал за улична уметност Street Art Today, како еден од најдобрите седум мурали реализирани во месец април во светот.

„Тамбурица“ се додава на големата низа проекти на Младинскиот културен центар за поддршка на уличната уметност, како што се: „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје, муралите на фасадата на МКЦ на тема „Индоктринација“, изработени од повеќе домашни автори, новиот мурал на група ЗЕРО во МКЦ, како и бетонските постаменти што деновиве се поставуваат низ Скопје. Покрај Лонац, МКЦ во изминатиот период ги реализираше и соработките со Veks Van Hillik од Франција, преку проектот „Петел и лисица“, поставен на ѕидот на зграда на бул. 11 Октомври, како и Farid Rueda од Мексико – мурал поставен на ѕидот на Природонаучниот музеј.

Во моментов во тек се и подготовките за новиот проект на МКЦ, преку кој ќе се продолжи соработката и поддршката на уличната уметничка сцена, а во меѓувреме ни преостанува само да уживаме во муралот на Лонац кај новиот парк зад Филхармонија и новите бетонски постаменти насликани од домашни автори, кои деновиве се појавуваат во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.