НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МРТ е во банкрот – нема ниту имот, ниту опрема, во залог дадени и грејните тела

0
By Соња Петрушевска on May 9, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување корупција ќе проверува дали има основа да поведе постапка против директорот на МРТ по сериозните наводи за незаконско работење што ги нотира во својот извештај Државниот завод за ревизија.

Ревизорот утврди дека во МРТ недостасува опрема за која се платени повеќе од 1 милион евра, незаконски се делеле бонуси на плати, за документарни филмови, кои потоа биле емитувани гратис биле исплатени повеќе од 3,5 милиони евра, проблематична е и сопственоста на зградата, а голем дел од движниот и недвижен имот е даден и под хипотека за кредити и долгови.

Поради ваквото незаконско работење, Државниот завод воопшто не дал мислење за финансикото работење на јавниот сервис со кој во во последните години раководи Марјан Цветковски.

За кредит од 2,2 милиони  ставени се под залог зградите на Македонското радио и системот за греење

Во јули 2015, Програмскиот совет донел одлука со која се одобрува МРТ да земе кредит во банка во износ од 2,2 милиони евра за враќање на стари долгови, за што заложил недвижен имот, иако Советот воопшто немал право да донесе ваква одлука.

За добивање на овој кредит под залог се ставени зградите 1 и 2 на „Македонско радио“, деловен простор во Велес и во Штип, комплетниот систем за ладење и  греење, лифтови и други недвижности во сопственост на МРТ.  Во меѓувреме, во 2016 година, МРТ поради неплатен даночен долг под залог става и две репортажни возила.

Ревизорот укажува дека ваквата состојба со имотот на МРТ, кој е под залог и има извршни решенија за наплата на парични побарувања врз недвижен имот, влијае на неизвесност во зачувувањето на правото на сопственост на имотот кој  е неопходен за вршење на дејноста на МРТ.

На ваков начин МРТ е задолжена да плаќа кредити за изградба на трите згради кои во меѓувреме се отстапени на други субјекти со што МРТ останува и без право на користење на најголем дел од недвижниот имот.

Вкупниот долг е над 20 милиони евра

Според проценките на Ревизорот, против МРТ се водат вкупно 33 судски процеси во кои од јавниот сервис се бараат 5,5 милиони евра, додека  МРТ во други судски спорови побарува 500.000 евра.

Вкупниот долг кон добавувачи, неисплатени даноци, кредити и заеми, е над 20 милиони евра, а од јули 2017 МРТ е со постојана блокирана сметка.

Во оваа сума е и долгот кон Министерството за финансии кој бил отпишан, па повторно вратен.

Имено, во 2006 и 2007 Владата на Никола Груевски го исплаќа долгот кон Лондонскиот и Парискиот клуб, со што во 2011 година Министерството за финансии врши отпис на побарувањата од  МТВ од 2,5 милиони евра за користените кредити од овие клубови. Но во 2012 година, донесена е нова Одлука, со која престанува да важи старата и Министерството за финаниси одново ја задолжува МРТ, но сега со 2,7 милиони евра.

„МРТ можела, а не презела постапка на поднесување тужба до Управниот суд да ја преиспита одлуката на Владата за повторно наметнување на обврска, иако таа еднаш била избришана, а не презела ниту други дејства за да ја намали штетноста врз приходите и имотот на МРТ“, пишува ревизорот.

Сомнителни финаниски договори за копродукции и документарни филмови

И во време кога телевизијата се соочува со огромни долгови и е неизвесно нормалното функционирање на јавниот сервис, се склучуваат договори за набавка на филмови, спортски програми, копродукции и документарни серии, спротивно на Правилникот за набавка на аудио – визуелни дела.

За откуп на права за филмови и серии во 2017 година се исплатиле повеќе од 320.000 евра, а фактурите биле потпишани од одговорниот уредник на програмскиот сервис. Меѓутоа нема документ дека се примени филмовите кои се доставуваат дел по дел, сукцесивно, од што зависи и вредноста на фактурите и обврската за нивното плаќање.

Ревозорот утрвдил неправилности и при договорите со приватни продуцентски куќи за заеднички проекти.

Проектите се реализираат неколку години наназад со ангажирање на исти продуцентски куќи  на кои им се исплатени големи суми. За реализација на емисиите како што се: „Тунел“, „Светот на сообраќајот“, „Стилисимо“, „Емисија за вино“, “Време е за бебе“, документарни филмови „Васил Аџиларски и Пјетар Богдани“, „Македонија од птичја перспектива“, „Нашата крв во Анадолија“, Копнеж по родниот крај“, и ТВ шоу „Компромис“, се исплаќале приближно од 100.000 до 440.000 евра.

Во периодот од 2011 до 2015 година за 104 документарни филмови биле потрошени 3,5 милиони евра создадени во копродукција на МРТ со други продуцентски куќи. Најмногу пари добил серијалот „Тврдокорни“ за кој на продуцените во 2011 и 2012 година им биле исплатени 400. 000 евра.

Од друга страна, Ревизорот утврдил дека се врши отстапување на правата за емитување на овие документарни филмови на сите радиодидуфзуери, па дури и на институции како што се Министерството за транспорт, СОЗР, Владата без надомест што е во спротивност со законите.

Во 2017 година, за откуп на права за емитување на спортски и други настани, поврзани со спорт, што се одржуваат на европско и светско ниво, биле исплатени 600.000 евра. Увидот на ревозорот покажа дека не постои посебна пишана процедура за начинот и постапката за откуп на права преку ЕБУ, туку целокупната коресподенција се врши со раководителот на одделението за меѓународна соработка и неовластено лице.

За проектот Евросонг во 2017 се потрошиле 140.000 евра врз основа на договор што МРТ го потпишала со домашна продуцентска куќа за продукција и постпродукција на избраната песна и за промотивен материјал. Ревизорот не доби доказ дека бил упатен повик за учество и на други продуцентски куќи, а во договорот нема спецификација на трошоци по одделни позиции за да може да се направи споредба.

Биле во долг, а си исплаќале бонуси

Но, освен што се преплатувале документарци, и покрај огромниот долг МТВ исплаќала и бонуси. Во 2017 година, биле исплатени 90.000 евра само како надоместок на плати на дел од вработените, а врз основа на член 70 од Колективниот договор со кој се утврдува дека врз основа на „обемот, квалитетот и домаќински однос во вршењето на задачите, во определен процент им се исплатува ваков надоместок од плата“.

До јуни 2017 година 50 до 60 вработени од вкупно 863 вработени добиле бонуси по овие трите критериуми.  Тоа се работници со посебни овластувања, вработени во Секторот за поддршка на директорот, одредени уредници на програма и раководители. Ваквите предлози биле потпишани од раководителот и од директорот, но не биле архивирани.

Бонуси си поделиле и директорот на МРТ Марјан Цветковски и неговиот заменик, иако тие имаат менаџерски договори. Ревизијата укажува дека делот од плата за работна успешност не може да се применува и кај раководните лица.

Директорот Цветковски овластил друг да потпишува документи место него

Меѓу низата скандалозни наоди во работењето на јавниот сервис, Ревизорот го наведува и полномошното со кое директорот Марјан Цветкоски го овластува раководителот на Сектор за поддршка на работата на директорот да потпишува документи наместо него.

„Полномошното е генерално – општо, без да се прецизираат конкретно за кои документи и за кој вид на работи може да се користи факсимилот, односно се дава овластување и располагање со факсимилот на сите документи кои се во исклучива надлежност на директорот, како што се договорите со кои се преземаат права и обврски за МРТ. Овој документ не е заведен преку архива, не се знае кога е издаден, и од кога почнал да се користи од страна на раководителот на секторот“, пишува во ревизорскиот извештај.

Против директорот на МРТ е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за оштетување на буџетот на МРТ за околу 20.000 евра, а во корист на фирмата „Аналитико“.

Во Извештајот ревизорите наведуваат и дека не можеле да  најдат опремата – студиски системи, набавена во 2002, а за која се платиле 1.170 000 евра.

Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ ќе биде доставен до Собранието, а Антикорупциска ќе го разгледува следната недела.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.