Би би си денеска го отпушти водителот кој на Твитер постави фотографија од шимпанзо во облека, со натпис „кралското бебе ја напуша болницата“.
Презентерот Дени Бејкер е отпуштен поради исмевање на војвотката на расна основа.
„Дени е прекрасен новинар, но веќе нема да работи со нас на неделната емисија“, соопшти Би би си.
Бејкер, кој и самиот потврди дека е отпушен се извини.
– Уште еднаш. Искрено извинување за глупавото, непромислено шегување претходно. Тоа требаше да биде шега за кралското семејство наспроти животните во циркус, дотерани во нова облека, но беше интеретирана како шега за мајмуни и раса, поради што и ја избришав. Изгледа мене ми е редот да бидам „на тапет“, напиша тој на Твитер.
Меган, сопругата на принцот Хари, во понеделникот роди машко дете, кое го нарекоа Арчи и кое е прво дете од мешана раса во британското кралско семејство во блиската историја. Меган, чија мајка е од афроамериканско потекло, а татко и е белец, веќе беше предмет на расистички коментари на социјалните мрежи.





