Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворени 47. Мајски оперски вечери

0
By Нова ТВ on May 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 10, 2019 01:25

Со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палење на фестивалскиот оган, во Националната опера и балет вечерва беа отворени 47. Мајски оперски вечери, на кои до крајот на месецов ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава.

Фестивалот за отворен го прогласи вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој во обраќањето истакна дека Мајските оперски вечери покажуваат дека пред речиси половина век постоела свесност за безвременските пораки кои ги носи операта и вредностите на кои таа нè учи.

Нагласи дека сме во ера на напредна технологија, но дека е важно враќањето на основата и посветеноста на културата – кон театарот, литературата, музиката и ликовните уметности.

-Во моите говори посветени на економијата, растот и развојот, зборувам за нова реформа во образованието – дуалниот систем, но сметам дека рационалноста оди рака под рака со уметноста зашто само така може да постои креативност. Со иста енергија, ентузијазам и љубов, треба да им се посветиме на часовите по музичко и ликовно образование. Затоа што односот што го градиме кон културата е, впрочем, однос кон идентитетот, рече Анѓушев.

И градоначалникот на Скопје Петре Шилегов зборуваше за достапноста на музиката што во секое време и место ја нудат модерните уреди меѓутоа, рече, „ништо не може да го замени чувството на музика во живо и човечкиот глас“.

-Или, како што еднаш запишал Конески – најважни се ефемерните работи, еднаш случени, забележени, видени, чуени само еднаш. Токму таква можност ни нудат Мајските оперски вечери – неповторливо богатство во друг свет, понекогаш романтичен, понекогаш трагичен. Но задолжително ги вклучува сите наши емоции, истакна  скопскиот градоначалник.

Според директорот на Националната опера и балет Васо Ристов, охрабрува фактот дека и покрај границите што ги наметнува потрошувачкото општество, ниту радиото, ни телевизијата, а ни современите носачи на звук, не се штетна конкуренција на манифестациите на жива музика и на оперските претстави.

-Напротив, повеќе ги афирмираат ширејќи го интересот за нив. Вреден доказ за ова сте и вие ценета публико, рече Ристов, додавајќи дека  овој фестивал е крстопат на цивилизации и култури од целиот свет, а магијата на 47-то издание, како што рече, ја исполнуваат звуците на Верди, Доницети, Пучини, Чајковски.

Вечерите секоја година се затвораат со „Аида“ на 31 мај, но оваа  година фестивалот и почнува со неа. За двете изведби има две екипи – домашна и интернационална.  Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, кој донесува модерно видување на популарната Вердиева опера, со 3Д-проекции на сцената.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.