НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Димензии на бајките“ на Лени Фрчкоска

0
By Нова ТВ on May 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во камерна атмосфера, во кафето Ли, промовирана беше „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска.

Теориската студија прави пресек на теориите за потеклото, структурата и проникнувањето на бајките во фолклорното творештво преку современието, главно низ психоаналитиките толкувања и родовите перспективи на авторите како Владимир Проп, Жак Лакан, Јулија Кристева, Сандра Ли Бартки, Славој Жижек до современата инструментализацијата на фантазмот на бајката како средство за идеолошко спознавање.

За книгата зборуваше професорката Славица Србиновска која истакна дека станува збор за теориска студија која се појавува во период на релативно кризна стварност на игонирирање на хуманистичките науки, но преку темата отвора прашања за димензии на хуманоста кои „денес се потиснати или се бришат за сметка на интересот на капиталот како доминанта на ова време“.

– Станува збор за теоретска книга која во буквална смисла го исполнува значењето на поимот теорија, (на старогрчкиот знаци “гледање”, “медитирање за” и „спектакл”) така и книгата како теорија и како толкување има сопствен аналитички пристап кон различни жанри на уметничка креација или културна продукција во текст од зборови и слики и показува како индивидуата може да стане субјект, како успева да се справи со нормите и системите на уредување и како во сопствените напрегања за досегнување на поредок на добро, убаво и вистинито незапирливо се напрега и копнее тоа да го реализира. Книгата говори за бајките како засолниште на субјектот кој се самоспознава и созрева, свесно упатувајќи се кон светот кој посакува да го изгради како различен од оној во кој минувал низ препреки, несреќи или трауматични епизоди, но сепак успешно завршува од другата страна, во посакуваната егзистенција на благосостојба – вели Србиновска.

Србиновска зборуваше и за жанрот бајка кој покрај целата еднодимензионалност, пропоционалност и хармоничност на структурата во својата суштина е поврзан со осцијални, атрополошки и политички концепции кои трансцедентираат низ епохите.

-Во бајките се крие темата на маргинализирани, понижените, но и можноста да го променат својот статус. Оваа студија во тој контекст се повикува на теоријата на Енст Блох за надежта и копнежот по еден свет, не таков каков што е, туку утописки, онаков каков што би требало да стане за да биде хуман – кажа Србиновска.

Фрчкоска во своето кратко излагање кажа дека бајките во својата суштина се литераризирани идеолошки приказни. Како такви ја задржуваат тензијата на емнаципација паралелно со таа на пренесување конзервирани пораки. Како такви „нивната употрева во образовниот и медиумскот сектор е политичка одлука“.

-Низ теми за субјектот и неговото место во социјалните релации бајките едуцираат за општествените улоги. Со тоа се потврдува и нагласува важноста на улога на бајката во образовниот процес на децата, интегритетот на нивната личност и вредностите кои ги восприемаат – кажа таа.

Книгата во може да се набави на Саемот на книга и во книжарниците на Или-или, Литература, Антолог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.