НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Недела на шведски филм во Кинотека

0
By Нова ТВ on November 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со документарниот филм „Палме“, посветен на убиениот премиер Олоф палме, кој е снимен минатата година, утревечер во Кинотеката на Македонија ќе почне Неделата на шведски филм.

Во следната недела, до 12 ноември ќе бидат прикажани уште шест филма од новата шведска кинематографија.

Филмот за отворањето е снимен по сценарио и режија на Кристина Линдстром и е посветен на животот и делото на шведски премиер Олоф Палме (1927-1986), како и за Шведска која тој ја создаде.

По 25 години од неговото убиство, членовите на семејството Палме првпат отворено зборуваат за трагичниот настан, за животот со него, за притисокот под кој биле поради политичките ставови на Палме.

– „Палме“ ги надмина сите рекорди на гледаност кога минатата есен беше премиерно прикажан во Шведска и е најгледан документарен филм во последниве 30 години, соопшти Кинотеката.

Гостинка на проекцијата ќе биде и ко-режисерката на овој документарен филм Мод Никандер, која ќе и се обрати на публиката, а во 13 часот утре таа во киносалата на Кинотеката ќе одржи и предавање за документарен филм и фотографија, кое ќе биде отворено за сите заинтересирани.

Неделата на шведски филм во петок ќе продолжи со филмот „Пилотска кабина“ од 2012 година, на режисерот Мартен Клингберг, „Стокхолм-Исток“ во режија на Симон Каијсер да Силва (2011) ќе биде прикажан на 9 ноември, а наредниот ден е шведско-данскиот филм „Среќен крај“ на Бјорн Рунге (2011),

Во понеделник, 11 ноември, ќе биде прикажана шведско-данската копродукција „Кралски накит“ во режија на Ела Лемхаген (2011), а на последниот ден од филмската ревија – 12 ноември, на програмата се два филма снимени пред две години – од 18 часот е шведско-финскиот „Ми недостигаш“ по сценарио и режија на Андерс Грунрос и од 20 часот – „Уште четири години“ во режија на Това Магнусон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.