Published: Monday, May 13, 2019 17:31
Фејсбук соопшти дека затвориле неколку италијански профили кои биле лажни и страници кои ширеле лажни вести во пресрет на парламентарните избори во Европската Унија.
– Отстранивме неколку лажни и двојни профили кои ја кршат нашата политика на автентичност, соопшти социјалната мрежа.
Исто така, отстранети се страниците кои објавувале лажни информации, како и некои кои почнале како неполитички страници и добиле следбеници, а потоа ги смениле имињата и станале политички страници.
Фејсбук дејствуваше минатата недела откако беше предупреден дека 23 италијански веб-страници на социјалната мрежа шират лажни информации, како што се измислени цитати и содржини против миграцијата и вакцините, како и антисемитски содржини.




