Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поплави во БиХ по обилните дождови

0
By Нова ТВ on May 13, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 13, 2019 20:03

Обилните врнежи од дожд во северозападниот дел на Република Српска предизвикаа поплави, а кај Бања Лука дојде до излевање на едно од вештачките езера.

Најтешко погодени се неколку населби во Приједор, каде што се поплавени десетина објекти.

РТРС објави дека е прогласен прв степен на готовност за заштита од поплавите поради зголемување на нивото на реките Пухарска и Враголовац.

Поради обилните дождови и поплави во континуитет заседава Градскиот штаб за вонредни состојби.

Министерството за образование соопшти дека е прекината наставата во неколку училишта во Република Српска, додека во сите образовни институции се следи состојбата.

На патот Бања Лука – Желинац, во местото Зелен Вир, водата од вештачкото езеро поплави дел од пругата, со што е доведен во прашање севкупниот железнички сообраќај во тој дел на Босна и Херцеговина.

На неколку локации во Бања Лука улиците се поплавени поради прелевање на одводите, но и поради излевање на локалните потоци и реки.

На подрачјето на Бања Лука од вчера попладне до денеска наутро паднале 43 литри дожд на метар квадратен.

Реката Јошавка, поради огромната количина на дожд која вчера падна во попладневните часови се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.

Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.

Поради излевањето на водата на улиците, прекинат е сообраќајот на регионалниот пат Цазин-Гата. Сообраќајот во цела Босна и Херцеговина е со забавено темпо, а на возачите им се апелира да возат максимално внимателно и со прилагодена брзина.

Дождот почна да паѓа вчера попладне, по што следеше бура пропратена со грмотевици. Германскиот „Блицкорунг” детектира околу 4.000 молњи во Поткозарје.

Се очекува утре да престанат интензивните врнежи во БиХ.

Силно невреме вчера ја зафати и Хрватска.

На улиците во Загреб во сите делови на градот утринава имаше многу скршени гранки, дрвја, растурени контејнери за отпадоци или дрвени штандови, а некаде и истргнати семафори. Итните служби и пожарникари се на терен, а полицијата ги предупредува граѓаните да не одат надвор ако немаат итна потреба.

Невреме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредувањето дека од денеска до петок се очекува голема количина на врнежи.

Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства на водостоите на реките, а РХМЗ го вклучи  портокаловиот и жолтиот метеоаларм.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.