Со желба за подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната „Растеме заедно“ за која е снимен и видео запси. Како што истакнуваат од невладината организација, песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.