НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП најави закон за регулирање на употребата на канабис -ДУИ за контрола на функционерите

0
By Соња Петрушевска on May 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЛДП ќе иницира закон со кој ќе се регулира употребата на канабисот во рекреативни и медицински цели.

Таа појава постои и не можеме ние да го игнорираме, туку треба да се регулира, кажа Јулијана Николова пратеничка од ЛДП. Таа додаде дека имале консултации со здружението „Билка“ дали да се предложи декриминализација или легализација и очекуваат многу скоро овој предлог закон да се најде во Собрание.

-Сите истражувања покажуваат дека секаде каде што се користи, се намалува употребата на тешки дроги. Со регулирање на продажбата и купувањето нема да има улични препродавачи и нема да има криминални дејствија, туку ќе се стави ред, а ќе се заштитат и малолетниците, рече Николова.

Во однос на аудио снимката што беше обајевна на социјалните мрежи, а на која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, Николова кажа дека очекува „институциите да се занимаваат со тоа, затоа што се работи за напад на достинството на поединец“.

-Во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да понесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот, кажа  Николовска.

По објавената снимка и ДУИ најави иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност како што се судии и обвинители за контрола во врска со користење на наркотици, но и учество во криминал и корупција.

-Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој што врши јавна функција треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени, рече Груби.

Тој не сакаше да одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник, но напомена дека за ДУИ е неприфатлив терминот „метла“.

Пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ, пак, пстави метла пред Собранието, со која му порачаа на Заев „да почне да мете од Павле Богоевски“.

-Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист, уште вчера требаше да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание, рече Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ.

Снимката беше објавена на профил со пседвоним Илија Громовник. По ова пратеникот Богоевски во полициската станица Центар, се пријави самиот себеси, но и непознат сторител. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално снимен од таксист кого не го памти.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање. Според него постот на ВК и разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.