Околу 90% од луѓето кои се возат во автомобил во Калифорнија, застануваат на пешачки премин, освен тие кои возат луксузни „марки“.
Пол Пиф, од универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, работејќи со својот тим, ја објаснува бихејвиористиката на луѓето од различна социјална класа.
„Шансите се 3 до 4 пати поголеми да возачите на луксузни автомобили, го прекршат законот“, вели Пиф.
Тој во видеото раскажува за низата експерименти, според кои луѓето го менуваат начинот на однесување во зависност од тоа дали се богати. За алчноста, искреноста, лажењето, крадењето. Еден од примерите за кои зборува Пол Пиф, е играта „Монопол“ и разликата на однесувањето на луѓето во зависност од тоа на кој слој му припаѓаат. Резултатите се добиени од експеримент на универзитетот „Беркли“ врз стотици луѓе.