Published: Saturday, May 18, 2019 17:47
Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Загреб каде на плоштадот „Свети Марко“ ја пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. За време на посетата на Хрватска ќе гостува и на централниот предизборен собир на ХДЗ во арената „Дражен Петровиќ“ пред изборите за Европскиот парламент.
Меркел и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет разговор по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Според хрватските медиуми, германската канцеларка ќе биде главен говорник на собирот на ХДЗ.




